Џорџ и Амал Клуни згрижија куче од засолниште
Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал во средата згрижиле куче од едно засолниште за напуштени животни во Калифорнија.
- Четиригодишната женка Мили доби нов дом, објави засолништето Ес-Џи-Ви-Џи-Ес на својор птофил на Фејсбук, публикувајќи и фотографија на двојката со новиот миленик.
Мили е куче од сората басет, со долги уши и препознатлив „тажен поглед“.
Според вработените во засолништето на Мили „им паднала во око“ на Џорџ и Амал, веднаш штом ја виделе.
Мили била земена во домот на Клуни на „пробен период“, со цел да видат дали „ќе се согласува“ со 10-годишниот кокер шпаниел Луеџ, кого двојката во март го зема од една засолништето за кучиња скитници во Њујорк. Но, „пробниот период“ тарел само час и половина, бидејќи на Џорџ и Амал им било доволно само толку време за да утврдат дека кучињата си играат и дека ќе можат да живеат заедно.
Мили била пронајдена на почетокот на овој месец во Сан Габриел, во близина на ресторан каде кружела надевајќи се на отпадоци од храна.
Преблаго е да се рече дека на Мили „и падна секирата во мед“ .
- Им честитаме на семејството Клуни и и им благодариме за згрижувањето, напиша засолништето на својата страна на Фејсбук.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата