Македонија
22. September 2022 - 16:37

Џозеф: Аспирациите на Бугарија се реална закана за Македонија

Со негирањето на македонскиот идентитет и присвојувањето на историјата, Бугарија го погази Договорот за пријателство и го претвори во нешто сосем спротивно, смета американскиот аналитичар и професор Едвард Џозеф. Бугарски аспирации кон Македонија се реална закана и потврда дека сонот за големи држави е жив на Балканот.

Џозеф ја обвини и ЕУ дека мижи пред политиките на Софија. Францускиот предлог не е фер и ја фаворизира бугарската страна, наспроти договорот од Преспа каде Грција и Македонија се поизбалансирани, вели Американецот.

И за министерката Петровска промената на името со која се овозможи влезот во НАТО е потег кој сега, во новата безбедносни ризици, се покажа како правилен.

Дискусиите на Петровска и Џозеф беа дел од конференцијата на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза“, во организација на Универзитетот Американ колеџ и UNHCR.

Школа за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс.