Македонија
20. May 2021 - 12:42

ДЗР го објави ревизорскиот извештај на Врховниот суд

Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Врховниот суд на Република Македонија.

Предмет на ревизија, како што соопшти ДЗР, било ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност, а целта на ревизијата била дали финансискиот извештај е ослободен од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регуалтива.

Во однос на клучните утврдени состојби од спроведената ревизија, од ДЗР посочуваат дека не е донесен нов Деловник за работа и програма за работа на Врховниот суд; не е формирано рботно тело за управување со движењето со предметите во судот; не е донесен правилник за начинот на функционирање на информатичкиот систем АКМИС; како и потреба од вработување на припадници на судска полиција.

– Изразивме мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики, стои во извештајот.

Како клучни препораки ги наведуваат: Донесување на нов Деловник за работа и годишна програма за работа на Врховниот суд; Формирање на работно тело за управување со движењето со предметите во судот и  донесување на правилник за начинот на функционирање на информатијчкиот систем АКМИС за сите судови и обезбедување на потребниот број на припаднци на судска кполција

– Да се преиспита законската одредба во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка, допрецизирање во делот на финансирање на изборниот процес од донации од политичка партија, во однос на поединечните и вкупните лимити на средства, измена и дополна на подзаконските акти со кои се уредува начинот на водење на сметководството на непрофитните организации и регулирање на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање, се наведува во извештајот како клучна системска слабост.