ДЗС: Економската состојба на деловните субјекти во јануари поповолна од декември
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари е поповолна во споредба со декември, а истото се однесува и за оценката за бројот на вработени.
Државниот завод за статистика денеска повикувајќи се на оценката на раководителите на деловните субјекти, објави дека индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари е за 0,4 процентни поени зголемен во однос на декември, а во споредба со јануари 2015 година е зголемен за 8,2 процентни поени.
Очекувањата се дека обемот на производството во следните три месеци ќе се зголеми, додека состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари во однос на декември е понеповолна. Намалени се и залихите на готови производи.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари изнесува 64,5 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка, недоволната домашна побарувачка, недостигот на квалификувана работна сила и неизвесното економско опкружување.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок