Ѕвезденото небо за Тоше одново ќе блесне со негова нова песна – „Light the flame“
И годинава фан клубот на прерано замината македонска музичка легенда Тоше Проески, на 5 октомври во Скопје на Плоштадот Македонија ќе го организира настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, на кој ќе биде претставена нова, необјавена песна „Light the flame“, како најава за новиот албум кој ќе биде издаден наскоро.
Како што велат од Фан клубот ова е голема чест за нив што семејтвото на Тоше и Фондацијата која го носи неговото име им дозволиле на фановите на овој начин први да ја промовираат песната и се многу благодарни за тоа.
Точниот датум на издавање на новиот албум се’ уште не е прецизиран, но со сигурност се знае дека тој е веќе во подготовка. Фондацијата Тоше Проески неколкупати промовираше нови, необјавени песни на Тоше, но како што велат материјал има уште, па во иднина можеме да очекуваме уште необјавени песни од нашиот ангел.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња