Е ова е спонзоруша - Била во врска со повеќе од 100 милионери
Надја Есекс е девојка од лондонскиот кврат Челзи која порасна во богато семејство, но откако нејзините родители банкротирале во 90-те години на минатито век, нејзиниот живот се смени целосно.
Имајќи предвид дека уште од детството таа била навикната на луксуз, глетката како нејзината мајка ги собира последните пари што ги имале во куќата за да и купи книга за на училиште, била претешка за Надја.
Таа тогаш заклучила дека таквиот живот не е за неа и се поставила цел да си најде богат сопруг кој ќе и овозможи живот на висока нога.
- Досата ми е од фраери без пари. Се почитувам себе си и сакам убави работи, вели Надја.
Таа истакнува дека не е од тие типови на девојки кои се задоволуваат со просечни работи, туку дека сака и заслужува само најдобро.
Но, дека пронаоѓањето вистински милионер не е лесна работа, докажува нејзинот пример. Досега таа била во врска со повеќе од стотина милионери, но, како што вели, ниту еден од нив не бил „вистинскиот“.
Таа вели дека времето што го поминувала со нив не било потрошено залудно, затоа што со нејзините богати момчиња го прошетала целиот свет и собрала колекција на скапоцени подароци, наведува „Дејли Бист“.
Надја вели дека за неа не е никаков проблем да пронајде богаташ, затоа што тврди дека ги усовршила триковите и знае каде може да ги најде.
- Милионери нема да најдете во локалните кафулиња, мора да ги знаете сите убави места во Лондон. Што се однесува до изгледот, морате да сте облечени адекватно. Никако не смеете премногу да ги покажувате градите или нозете, морате да бидете префинети, советува искусната Надја.
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите