Еден починат и четворица тешко повредени во сообраќајка во кратовско
Вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во кратовско на регионалниот пат од с.Железница кон с.Крилатица. Едно лице починало на лице место, а четири лица се повредени и пренесени во медицински центар. Како што соопштуваат од МВР:
„На 01.08.2020 во 18,15 часот било пријавено дека на локален пат од с.Железница кон с.Крилатица во Кратово, на место викано „Мулинци“ во атар на с.Крилатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно возило „голф“ со кратовски регистарски ознаки управувано од М.Д.(29) од с.Талашманци,кратовско.
Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово“.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти