Еден загинат и петмина повредени при експлозија во фабрика во Романија
Еден работник загина, а петмина други се повредени, при експлозија што се случи синоќа во фабрика за производство на леб во романскиот град Брашов, јави ТАСС.
Како што соопшти портапролот на Градската управа за вонредни состојби, Кипријан Сфержа, при експлозијата биле повредени шестмина работници, од кои едниот, на возраст од 31 година, утрово им подлегнал на здобиените повреди.
Останатите петмина повредени работници имаат изгореници од различен степен и се хоспитализирана во локалнта болница.
Во време на експлозијата во фабриката имало 11 работници.
Според неофицијални информации, причина за експлозијата е неисправност на системот за вентилација.
По експлозијата во фабриката избувнал пожар, за чие гаснење на пожаникарите им биле потребни неколку часа. Од јачината на експлозијата дел од објектот на фабриката е разурнат.
Фабриката се наоѓа во близина на градскиот фудбалски стадион, каде во моментот на експлозијата се играл натпревар од Втората романска фудбалска лига, меѓу локалниот клуб Брашов и ЦСМ Рамнику.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација