Едно лице е заразено од коронавирус во Охрид за 24 часа, неофицијално е од одделот за трансфузиологија
Во Охрид регистриран нов случај заболен од Ковид 19. Неофицијално станува збор за медицинско лице од oдделението за трансфузиологија кое од 19 март е под клуч откако персоналот имал контакт со првозаболениот охриѓанец.
Од 28 те направени скрининг тестови само еден е позитивен со што бројката се искачи на 3 заболени лица . Охридска трансфузиологија сеуште е затворена и не се знае кога персоналот ќе се врати на работа а во меѓувреме службата целсоно е преземена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо.
Од Центарот за јавно здравје апелираат да се остане дома и да се почитува мерката за самоизолација за да се спречи ширењето на вирусот.
Од СВР Охрид пак најавија дека два угостителски објекти не ја почитувале забраната за работа и вршеле послужување на гости.Во едниот имало и нарушување на јавниот ред и мир по што приведен е сопственикот . Од страна на Државниот пазарен инспекторат, објектите се затворени и против сопствениците ќе биде поднесена кривична пријава а непречено се одвива и контролата на 149 лица кои се во домашна изолација под здавствен надзор .
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар