Македонија
24. July 2018 - 16:09

Едно лице се бори за живот поради несоодветна дијагноза, уште две деца биле во критична состојба

14 годишно дете од Охрид е на апарати за дишење на КАРИЛ, а други две четиригодишно од Свети Николе и на деветгодишна возраст од Гевгелија биле во животозагрозувачка состојба, зошто навреме не им го откриле дијабетесот и погрешно ги лекувале, обвинија од Асоцијацијата за детски дијабет Баланс Мк.

-Трите деца имале дијабетес тип 1, но оние кои што медицински ги третирале едноставно тоа првично не го утврдиле па ги лекувале така како што ги лекувале: Во моментов четиригодишното и дветгодишното дете се вон животна опасност со претуркани тешки форми на кетоацидози, додека 14 годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка  здравствена состојба  сместено е на КАРИЛ, се вели во соопштението од Баланс МК.

Од Клиниката за интензивно лекување потврдуваат дека кај нив вчера било донесено 14 годишното девојче од Охрид го приклучиле на респиратор и ќе ја следат состојбата. Во третманот на детето се вклучени и ендокринолози од Детската Клиника.

Асоцијацијата бара министерството за здравство во рок од 48 часа да ги истражи овие случаи на непрепознавање на симптомите на дијабетес, а сите одговорни за трагедијата со трите деца како што велат од Баланс МК и кривично да одговараат.