Едно лице загина во судар на македонски камион и автомобил во Бугарија
Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.
Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.
Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи