Loading Video...
Фудбал
21. October 2020 - 15:06

Ефикасен старт на групната фаза во Лигата на шампионите

Ефикасен старт на групната фаза во Лигата на шампионите. на осумте одиграни натпревари беа постигнати 22 гола. 
 
Првиот дерби дуел од воведното коло одигран во Париз го добија фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои со головите на Фернандеш од пенал и Рашвор на четири минути пред крајот го победија минатосезонскиот финалист ПСЖ со 2-1
 
Ланскиот полуфиналист Лајпциг славеше победа со 2-0 над Башакшекир со головите на Анџелино. 
 
Најубедливата победа ја оствари Барселона која на Камп Ноу го совлада дебитантот Ференцварош со 5-1. Во истата Г група, Јвентус на гости во Киев  славеше над Динамо со 2-0, а стрелец на двата гола беше Алваро Мората. 
 
Де Кетлер со голот постигнат во третата минута од судиското дополнение му донесе гостинка победа на Клуб Бриж кој со 2-1 го совлада Зенит. Во истата Ф група Лацио ја надигра Борусија Дортмунд совладувајќи ја со 3-1. 
 
Без победници завршија дуелите од Е групата и тоа Рен и Краснодар одиграа 1-1, додека единствениот натпревар на кој немаше постигнато гол беше дуелот во Лондон меѓу Челзи и Севиља. 
 
Денеска на програмата се преостанатите осум натпревари од 1.коло, а двојките се:
 
А група: 
18: 55  САЛЦБУРГ - ЛОКОМОТИВ МОСКВА 
21:00   БАЕРН МИНХЕН - АТЛЕТИКО МАДРИД 
 
Б група: 
18: 55   РЕАЛ МАДРИД - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК 
21:00    ИНТЕР - БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ
 
Ц група: 
21:00   МАНЧЕСТЕР С. - ПОРТО 
21:00   ОЛИМПИЈАКОС - ОЛИМПИК МАРСЕЈ 
 
Д група: 
21:00   АЈАКС - ЛИВЕРПУЛ 
21:00   МИТЈИЛАНД - АТАЛАНТА