Свет
18. December 2015 - 23:24

Егзекуција, исчени глави и раце – Сцени кои се пронајдени во телефоните на мигрантите!

Помеѓу пронајдените содржини биле и фотографии од мртви деца и дрги жртви од војната. Освен тоа, на многу фотографии има амблеми од ИСИС и симболи на други терористички организации.

Во мобилните телефони на стотини мигранти кои побарале азил во Норвешка пронајдени се вознемирувачки фотографии. Содржината на фотографиите е со смачкани, исечени глави и амблеми на ИД, пишува норвешкиот весник “Нетависен“.
Полициската канцеларија за мигранти присилена е да работи прекувремено заради зголемен прилив на мигранти во таа земја. Во претрес на границата полицијата најде стотина телефони во кои има фотографии и брутални снимки, како луѓе држат исечени глави и раце.

Помеѓу фотографиите има и содржини од мртви деца и други жртви од војната.

Printskrin: ISIS

Ерик Хаугланд од норвешката програма за азиланти, наведува дека мигрантите ги чуваат тие фотографии и видеа за да имаат доказ за страдањето и зличинот на кои се изложени во својата татковина.