Еколошки советувања во Охрид за „Фер и здрава храна“ и за „Енергетска демократија“
Повеќе од 60 учесници беа дел од двете еколошки советувања на темите „Фер и здрава храна” и „Енергетска демократија” што се одржаа во Охрид, во организација на Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ од Скопје, a со поддршка на „Green European Foundation“ (GEF) од Брисел, Белгија.
„Фер и здрава храна“ е дел од меѓународен проект, во кој учествуваат организации од нашата држава, Белгија, Полска и Ирска, а се дискутира за изнаоѓањето алтернативни решенија и позитивни промени во производството на здрава храна, поточно за производство на органска и локална храна во земјава, како и за искуствата во рамките на земјите од ЕУ.
Втората тема посветена на „Енергетска демократија” фокусот го става врз можностите за партиципативна, инклузивна и децентрализирана зелена економија преку промовирање на концептот – Енергетска демократија.
Пратеничката во македонското Собрание и претседател на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, која учествуваше на советувањата, го истакна значењето на развојот на зелена економија, потребата од отворање зелени работни места, како неопходноста од обезбедување обновливи извори на енергија и создавање услови за здрава животна средина во која ќе се одгледува и произведува здрава органска храна.
Настанот беше одбележан преку целосно „исфрлање” на пластиката од употреба, а имаше и вегетеријанско мени за учесниците и консумирање локални органски прехранбени производи.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците