Бизнис
26. October 2020 - 16:37

Економски мерки ќе бидат потребни и следната година

Четвртиот пакет помош за стопанствоот и граѓаните нема да биде доволен за надминување на последиците од кризата со вирусот. Новите мерки ќе помогнат да се задржат вработените и ликвидноста на фирмите, но не и за целосно рестартирање на економијата. За тоа ќе бидат потребни и нови пакети со нови мерки  кои најверојанто ќе се донесат во текот на идната година.

За да им се излезе во пресрет на странските компании пак најверојанто ќе се усогласат цариснките давачки со оние во ЕУ нешто што инвеститорите го бараат подолго време.

Од владата посочија дека засега ограниченото работно време до 23 часот  како мерка за превенција од вирусот ќе важи само  за угостителите. Иако претходно беше соопштено дека со вкавите рестрицика ќе бидат опфатени и други економски оператори, маркети, сендвичари, пекари, Битиќи појасни дека Комисијата за заразни болести утврдила дека ризик за ширење на заразата се угостителските објекти.

Во текот на неделава треба да се изгласа и ребалансот на буџетот по што граѓаните и фирмите ќе можат да ја очекуваат помошта од четвртиот пакет кој тежи близу 500 милиони евра.