Екс градоначалникот на Битола осуден на 8 години затвор
11 обвинети во предметот Транспортер се осудени на затворски казни а 10 од обвинетите заработија условни казни.
Највисока казна од 8 години затвор доби поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. На затвор од 6 години и 6 месеци е осуден вработениот во општината Слободан Бончановски.
Обвинетите директори на битолските средни и основни училишта се осудени на условни затворски казни. Управителите на превозните компании од Битола, судот ги осуди на затворски казни од 2 год и 2 месеци до 3 год и 3 месеци.
Во предметот Транспортер беа обвинети вкупно 21 лице и одговараа за злоупотреба на службената положба. Според пресудата тие се виновни бидејќи спротивно на законот за јавни набавки го организирале превозот на ученици во Битола за што општината плаќала повисока цена кон превозните компании од првично договорената сума.
Фактурите со повисока сума, превозните компании ги доставувале до директорите на училиштата а тие ги препраќале до општината. Со ова, според пресудата, направена е штета од сума од над 280 илјади евра.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари