Бизнис
7. January 2018 - 17:38

Експертите предупредуваат: Повисоки даноци не значи и повеќе пари во државната каса

Зголемувањето на  приходите од даноците во буџетот  да не се прави преку зголемување на даночните стапки,  препорачуваат дел од експертите.  Велат дека за да можат да се соберат повеќе пари од граѓаните и стопанството државата  прво и основно што треба да направи е да  обезбеди подобар бизнис амбиент за компаниите и подобри услови за живот за домаќинствата, па потоа од нив да  бара повеќе средства.

Според експертите за да пораснат средтсвата во буџетот по овој основ  постојат и други модели наместо да се оптоварува капиталот на стопанствотот преку зголемување на стапката на данокот на добивка.

- Има други модели како што се решенија кај ДДВ без тие да бидат во насока на зголемување на стапката на овој данок или на пример да се намали листата на оние кои се ослобдени од плаќање на данок нешто за што не советуваа и странските експерти, вели Славко Лазовски- даночен експерт

Прогресивното оданочување  кое го најави владата  односно  оние  со поголеми примања да плаќаат и повисок данок иако требаше да се воведе годинава ,  државата одлучи да профункционира во 2019 , со образложение дека е потребно повеќе време да се усогласат сите закони. Од министертвото за финансии посочија  дека во текот на оваа година за  јавни дебати на кои ќе се разгледуваат прелози и идеи кои треба да помогнат за промените во даночната политика.