Експлодирал плински уред во возило - скопјанец однесен на Клиника
Маж се здобил со телесни повреди при пожар кој избувнал во автомобил во Скопје. Според информации на МВР, вчера во 21:10 часот во СВР Скопје, 41-годишниот Љ.П.(41) од село Волково,скопско пријавил дека истиот ден околу 19:30 часот додека се движел по улицата ,,Бутелска’’ со патничко моторно возило марка ,,Застава 128’’ со скопски регистарски ознаки, забележал чад од моторот по што избувнал пламен, кој го зафатил целото возило, а потоа дошло и до експлозија од вграден плински уред во возилото.
Во моментот на експлозијата во близина бил 46-годишниот Г.В. од Скопје кој управувал моторцикл со скопски регистарски ознаки и бил зафатен од пламенот при што се здобил со повреди. Г.В. бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација