Балкан
17. August 2016 - 20:46

Експлодираше бомба среде Центар во Ниш - има тешко повредени

Маж и жена се повредени во експлозија на бомба во центарот на Ниш околу 19 часот на улица Милојка Лешјанин 17.

Двајцата се префрлени на понатамошно лекувале во Клиничкиот центар во Ниш.

Директорот на здравствената служба вели дека станува збор за тешко повредени лица.

Според првичните информации, еден од повредените е 21 годишно момче кое се наоѓа во тешка состојба.