Loading Video...
Свет
5. December 2022 - 12:27

Експлозии на аеродроми во Русија, има загинати и повредени

Две големи експлозии на два аеродрома во централна Русија кои се позиционирани стотици километри источно од борбената зона во Украина се регистрирани утрово, јавува Риа новости. 

Првата експлозија се случила во руската воена воздухопловна база во регионот Саратов на околу 600 километри источно од Украина. Аеродромот бил погоден со дрон при што биле оштетени два бомбардери со долг дострел, а повредени биле две лица.

Другата експлозија според руските државни медиуми била на аеродромот надвор од градот Рјазањ југоисточно од Москва при што настрадале три лица, а пет се повредени.

Официјален Киев засега не презема одговорност за нападот. Претходно, украинската војска во неколку наврати ги гранатираше руските бази во областа Белогорт но и оние бази поставени на полуостровот Крим.