Свет
27. July 2016 - 17:55

Експлозија во близина на бегалски центар во Германија

Во близина на прифатниот центар за бегалци во Цирндорф, во близина на Нинберг денеска одекна експлозија.

Според Баварската радиотелевизија експлодирал куфер полн со спрејови, а според првичните информации нема повредени.

Инцидентот се случи на 200 метри од прифатниот центар за бегалци.