Експлозија во близина на трговски центар во Риека, уапсени двајца осомничени
Половина час по полноќ синоќа, во близина на зграда кај трговски центар во Риека била активирана непозната експлозивна направа, соопшти хрватската полиција. Повредени нема.
Непосредно пред споменатиот настан, околу полноќ, полицијата пред трговскиот центар во месноста Кострена фатила германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа.
Споменатите лица биле уапсени и спроведени во полициска станица.
Осомничените имале и трета направа, а се’ се доведува во корелација со експлозијата на 21 мај во кругот на трговскиот центар на Вежица во Риека, кога било оштетено стаклото на вратата од трговскиот центар поради активирање на непозната експлозивна направа.
Увидот е во тек, како и криминалистичката истрага за утврдување на сите факти и околности, јавува ХРТ.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ упати честитки до полицијата за нивната, како што вели тој, професионална и ефикасна работа во откривањето и апсењето на лица поврзани со серија експлозивни направи поставени на подрачјето на Риека.
Ново на Сител
-
Зоран Јовановски од Струмица сo инвалидска количка помина 42 км. на Скопскиот маратон | ВИДЕО
-
Приведен и вториот осомничен за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија
-
Милан Радоичиќ пуштен од притвор
-
Блиц: Нема покренати обвиненија за масовните убиства во „ Владислав Рибникар“ и Младеновац
-
Отворен преминот Брњак, Јариње и понатаму е затворен
-
Акција за чистење на дното на Охридското Езеро, извадено поголемо количество цврст отпад
-
УХМР: Во Берово утринската температура два степена
-
Голем пожар во складиште за пластика во Осиек, нема повредени | ВИДЕО