Македонија
24. August 2015 - 16:32

Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот

Посетата на Груевски во Моране Општина Студеничани веднаш даде резултати. Институциите уште денеска решија дел од посочените проблеми на граѓаните.  Груевски во оваа општина се сретна со граѓани од сите етнички групи, македонци, албанци, турци и бошњаци кои му посакаа топло добредојде и презентираа со какви проблеми се соочуваат во овие населени места. Барањето од жителите на Моране да се продолжи автобуската линија до центарот на нивното село уште денеска се реализираше.

Жителите велат дека ги ценат теренските средби преку кои можат директно на премиерот да му се обратат.

Од Долно Количани се пожалија дека немаат вода за пиење. Велат градоначалникот на Општината Асем Садики не можел да најде решение. Премиерто на жителите од ова село им рече дека не е човек кој лесно дава ветувања, но сепак  денеска на терен беа екипите на водовод кои треба да направат детално скенирање на состојбите и заедно со министерството за транспорт и врски и општината да дефинираат решение. До четврток како што информираа институциите ќе има  првични сознанија и предлози по што градоначалниците на град Скопје и  Општина Студеничани ќе се состанат со ресорниот министер. Почнаа подговотовките и за асфалтирање на двете улици во Љубош а треба да бидат готови до 11 октомври. Реконструкцијата ќе биде направена од Градот Скопје и ЈП улици и патишта. Жителите на ова село утре пак се на состанок во министерството за образование каде со заменик министерот Ристовски ќе разговараат за можноста да се отворат паралелки во селото за да се растерети подрачното училиште.

Груевски вчера покрај разговор со жителите ,  оствари средба и со локалните власти во Општина Студеничани. Оттаму му  побараа доколку може градот Скопје да стави на времено користење едно возило за собирање на смет. Градоначалникот Трајановски рече дека ќе очекуваат барање од општината и веќе од октомври да се обезбеди возило од комуналното претпријатије.

За еден месец и од министерството за транспорт и врски информираа дека ќе биде готов проектот за изведба на мостот до населено место Цветово кој го побараа граѓаните.