Кошарка
13. October 2017 - 13:16

ЕЛ: Малага подобра од европскиот првак

Кошаркарите на Фенербахче одбраната на европската титула ја почнаа со пораз на гостувањето синоќа кај екипата на Уникаха. Шпанскиот тим славеше триумф со 68:67. Домашната екипа во последната четвртина во која прими само 10 поени поведе на почетокот и успеа да ја задржи предоста до крајот на натпреварот. Најпрецизен кај Уникаха беше Шермандини со 12 поена, додека во редовите на Фенербахче најефикасен беше Костас Слукас со 15 поени.
На другите дуели одиграни синоќа од стартното коло беа постигнати следниве резултати: Анадолу Ефес - Реал Мадрид 74:88, ЦСКА Москва - Милано 93:84, Бамберг - Макаби 71:88, Олимпијакос - Басконија 75:64.
Вечерва се играат другите дуели од 1.коло: Химки - Валенсија, Жалгирис - Црвена Звезда и Барселона - Панатинаикос.