Бизнис
3. March 2017 - 20:28

ЕЛЕМ нема да бара зголемување на цената на електричната енергија

Eлем нема да бара од регулаторна  зголемување на цената на струјата за домаќинствата . Ќе се залагаат  таа да останена иста. Трошиците за увоз направени во најладнит период ќе се покријат со парите од извозот кога ценатна на региналните брзи ќе биде повисока.

Во моментов цената на берзите е 24,5 евра за мегават час 17 евра пониска од онаа на елен поради што команијата во овој период планира да увезе евтина струја од навдор. Паралелно ќе се јави na регионалните берзис о своја цена на струја.

Компанијата ќе прдолжи со нови развојни проекти за подбрување на енерегетскиот сектор.  Во близина на Пехчево и Делчево откриени се нови 50 милиони тони јаглен. Тоа е доволно да се изгради нов енергетски капациет кои би  работел  најмалку 30 години.  Очекуваат конечно да се најде кој ќе ги гради  хидроцентралите Чебрен и Галиште. Компанјата планира своите прдажни капацитети да ги шири надвор. Вратен е и долгот од 30 милиони евра од Светска банка кои поранешно ЕСМ ги подигнале за подобрување на енерегтските капацитети.

Елем лани остваирлил приход од 14 милиони евра, два пати повеќе од 2015.