Живот
9. October 2015 - 10:23

Елена Анѓеловска - втора придружничка на изборот Мис Глоуб

Македонската натпреварувачка Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот Мис Глоуб кој се одржа во Торонто. Анѓеловска успехот го постигна во конкуренција на 60 натпреварувачки од целиот свет.

Таа застана на подиумот заедно со годинешната добитничка, Ана Лорејн Колис од Филипините и другите придружнички од Албанија, Франција и Кина.