Свет
21. December 2020 - 17:42

ЕМА: Вакцината Комитнати ефикасна во 95 отсто од случаите

Вакцината Комитнати, произведена од Фајзер и БионТек, што денеска беше препорачана за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА), покажува ефикасност од 95 проценти во спречување на заразата со Ковид-19 кај лица постари од 16 години.

– Од вакцината се даваат две дози во период од 21 дена и не покажа сериозни несакани ефекти, соопшти ЕМА.

Во испитувањето на вакцината Комитнати учествуваа околу 44.000 луѓе, од кои половина примиле вакцина, а половината плацебо. Ефикасност имала кај повеќеод 36.000 луѓе постари од 16 години, вклучително и лицата постари од 75 години, кои немале знаци на претходна инфекција.

Студијата покажа дека за 95 отсто е намален бројот на симптоматски случаи на Ковид-19 кај лицата кои примиле вакцина, осум од 18.198 случаи добиле симптоми на корона, додека плацебо примиле 18.325 од кои 162 луѓе имале симптоми на Ковид-19.

Испитувањето покажа околу 95 отсто ефикасност кај учесниците со ризик од тежок облик на Ковид-19, вклучително и лицата со астма, хронични белодробни болести, дијабетис, високкрвен притисок или индекс на телеснатамаса над 30.

ЕМА истакнува дека вакцината има висока ефикасност како меѓу половите, такаи помеѓу расите и етничкитегрупи.