ЕМА во четврток ќе објави заклучок за вакцината на АстраЗенека
– Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги разгледуват достапните податоци за привремената суспензија на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека во голем број земји-членки на Европската Унија по појава на згрутчување на крвта.
В четврток е закажан вонреден состанок на Комисијата за безбедност на лекови на ЕМА (ПРАК), по што ќе биде објавен заклучок за безбедноста на вакцината на АстраЗенека и ќе даде препораки за тоа што да се преземе во иднина.
– ЕМА тесно соработува со компанијата, експерти за крвни болести и други здравствени органи, вклучувајќи ја и британската Агенција за регулација на лекови и здравствени производи (МХРА), анализирајќи го податоците од аплицираните речиси 11 милиони дози вакцини, се наведува во соопштението на ЕМА.
Во соопштението се додава дека експертите детално ги проучуваат сите податоци за случаите на појава на згрутчување на крвта по примањето на вакцината на АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар