Емануел Макрон официјалнo претседател на Франција
Дваjцата претседатели, досегашниот Франсоа Оланд и новиот Емануел Макрон го извршија примопредавњето на функциите во Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз.
Приморедавањето на функциите траеше подолго од предвиденото според протоколот. Оланд требаше да ја напушти Елисејската палата во 10 часот и триесет ,имути, но тоа се случи повеќе од половина час подоцна.
Очигледно двата претседатели кои се познаваат добро имаа што да се кажат, имено Емануел Макрон од 2012 година до 2014 беше советник на Оланд во Елисејската палата, а потоа и негов министер за екомонија, пред да поднесе оставка и да се впушти во трка за претседател.
Оланд ја напушти Елисејската палата испратен со аплауз од Емануел Макрон и персоналот.
Емануле Макрон е најмладиот француски претседател во историјата на републиката, со само 39 години.
Веднаш потоа во придружба на неговата сопруга Брижит, официјално беше прогласен за претседател на Републиката.
Свеченостите во Париз продолжуваат.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење