Ен-Би-Си: САД подготвени за напад ако Северна Кореја изврши нова нуклеарна проба
САД се подготвени да извршат превентивен напад со конвценционално оружје врз Северна Кореја доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба, изјавија високи претставници на американските разузнавачки служби, јави Ен-Би-Си.
Тие велат дека се поставени два воени брода разурнувачи на САД на 480 километри од брегот на Северна Кореја, кои имаат можност за лансирање на крстосувачки ракети „Томахавк“ на територијата на таа земја.
Северна Корека веќе предупреди за „големиот настан“, а властите на САД велат дека се укажува на тоа дека се работи за нуклеарна проба, која би можела да се случи овој викенд во пресрет на 105. роденден на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.
Тешки американски бомбардери се позицонирани во база на територијата на државата Гуам во случај на напад на Северна Кореја, а претходно оваа недела, ударна група на американската морнарица „Карл Винсон“ е испратена во регионот.
Нападот на САД би опфатил ракети, бомби, како и кибер напади и поставување специјални единици на терен, наведува американската телевизија.
- Таквиот напад би можел да го испровоцира непредвидливиот и опасен режим на Северна Кореја да лансира контранапад врз Јужна Кореја, објави Ен-Би-Си.
- Водството на Северна Кореја не покажало никаков интерес за дипломатија и дијалог со други земи во врска со овој проблем, изјави за Ен-Би-Си корејскиот претставник во Центарот за стретешки и меѓународни студии Виктор Ча.
Северна Кореја во средата се закани дека прва ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје, доколку има знаци дека Вашингтон подготвува напад, додека вчера предупреди на „немилосрден напад“ доколку САД што било преземат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација