Бизнис
18. October 2016 - 19:49

Енергетска ефикасност за помали трошоци и повеќе странски туристи

Домашните хотелиери ќе учат од врвни експерти од Швајцарија како до поголема заштеда на енергија. Покрај намалените трошоци, заштедите ќе придонесат и за повеќе странски туристи бидјеќи за нив екологијата и животната средина често се пресудни при избор на дестинацијата за патување.

Со законот за енергетика  се предвидува и формирање на  фонд за енергетска ефиканост од каде ќе се финансисраат сите енергетски проекти вклучувајќи ги и оние во хотелиерството.

Ќе се спроведат и обуки за готвачи, рецепционери, келнери со што дополнително ќе се подобри  услугата во секторот кој изминативе години го зголеми учеството во вкупниот БДП.

Од Швајцарската амбасада потенцираа дека ќе продолжат со подршката  на македонскиот туризам.