Ракомет
10. April 2020 - 12:26

Ентрериос нема да се пензионира со цел да игра на Олимијатата догодина

 
 
 
 
Ракометната легенда во Шпанија, Раул Ентрериос потврди дека негова цел е наспат на летните Олимписките игри во Токио презакажани за следната 2021 година, но истовреме призна дека ќе донесе конечна одлука откако ќе заврши кризата со Корона вирус.
 
Ентериориос размислуваше за пензија по Токио 2020 година, но одложувањето на Олимпијадата го натера Шпанецот да ја преиспита неговата последна одлука.
 
39-годишниот играч и помогна на Шпанија да ја освои Светската шампионскат титула во 2005 година како и златните медали на Европските првенства во 2018 и 2020 година.
 
Ентерериос веќе има два настапи на Олимписките игри и тоа во Пекинг во 2008 година, каде го освои бронзениот медал, односо четири години шпдоцна во Лондон (2012 година).
 
Капитенот на Шпанија, со 269 настапи е втор на вечната листа на ракометари со најголем број на одиграни натпревари во дресот на „црвената-фурија“, а за да го помине рекордорот во репрезентацијата Дејвид Баруфет го делат само уште единаесет натпревари.