-->
-->
ЕП Полска (2016): Изјави од прес конференција Македонија - Хрватска
-->
По на тпреварот на прес конференцијата селекторите и играчите изјави:
- Жељко Бабиќ, селектор на Хрватска
Благодарност за мојот тренер поранешен (Обрван). Денеска одигравме добро во одбраната со висок интензитет во текот на сите 60 минути.
- Ивица Обрван, селектор на Македонија
Честитки на репрезентацијата на Хрватска на заслужената победа и им посакувам среќа. Одигравме слаб натпревар без енергија, по трите натпревари претходно. Жалам што резултатот испадна ваков. Игравме против репрезентација која ги казни сите наши грешки и притоа играше на високо ниво со многу енергија.
- Мануел Штрелек, Хрватска
Сите одигравме добро целиот тим, не е само еден играч. Постигнавме голови лесни од контранапади. Се надеам дека нема да застанеме тука и ќе продолжиме да играме добро и во иднина.
- Немања Прибак, Македонија
Хрватска одигра солидно. Ние потфрливме со сите фази и во одбрана, и во напад и во враќањето. Имаат висока одбрана 5-1 и брзи крила. Се случи тоа што се плашевме и правевме се повеќе технички грешки, кои тие ги искористија и мислам дека можат далеку да стигнат.
Од Краков,
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар