Ракомет
21. January 2016 - 23:12

ЕП Полска (2016): Изјави од прес конференција Македонија - Хрватска

По на тпреварот на прес конференцијата селекторите и играчите изјави:
- Жељко Бабиќ, селектор на Хрватска
Благодарност  за мојот тренер поранешен (Обрван). Денеска одигравме добро во одбраната со висок интензитет во текот на сите 60 минути.
- Ивица Обрван, селектор на Македонија
Честитки на репрезентацијата на Хрватска на заслужената победа и им посакувам среќа. Одигравме слаб натпревар без енергија, по трите натпревари претходно. Жалам што резултатот испадна ваков. Игравме против репрезентација која ги казни сите наши грешки и притоа играше на високо ниво со многу енергија.
- Мануел Штрелек, Хрватска
Сите одигравме добро целиот тим, не е само еден играч. Постигнавме голови лесни од контранапади.  Се надеам дека нема да застанеме тука и ќе продолжиме да играме добро и во иднина.
- Немања Прибак, Македонија
Хрватска одигра солидно. Ние потфрливме со сите фази и во одбрана, и во напад и во враќањето. Имаат висока одбрана 5-1 и брзи крила. Се случи тоа што се плашевме и правевме се повеќе технички грешки, кои тие ги искористија и мислам дека можат далеку да стигнат.
 
Од Краков,
Марјан Ников