Ракомет
12. January 2020 - 18:11

ЕП ракомет 2020: Изјави од прес конференција

По дуелот Македонија - Чешка кој заврши со триумф на Чесите со 27:25 ова за нив беше прва победа, а за Македонија прв пораз во рамките од дуелите во групата Б. На прес конференцијата актерите изјавија:
 
Даниел Кубеш (селектор на Чешка): Задоволен сум од победата вечерва одигравме како што беше потребно. Импресиониран сум од играта на моите играчи.
 
Данило Брестовац (селектор на Македонија) Слабиот старт на вториот дел е причината за поразот. Противникот тогаш постигна пет голови што беше клучно.
 
Мартин Галиа (играч на натпреварот): Одигравме 100 % подобро во одбраната во однос на првиот натпревар. Игравме во прекрасна атмосфера од страна на навивачите од двете репрезентации.
 
Марио Танкоски: Лошиот старт на вториот дел беше причината за поразот, а покрај тоа и нивниот голман беше извонреден на денешниот натпревар.