Ракомет
14. January 2020 - 9:05

ЕП ракомет 2020: Ќе играме тежок натпревар со Македонија

Во пресрет на денешниот дуел со Македонија селекторот на Австрија, Алеж Пајович заедно со неговата селекција е во нешто подобра позиција од неговиот колега Брестовац, по двете победи од првите две кола.
- Ништо не е готово во оваа група. Сите натпревари досега беа изедначени. Македонија ја победи Украина во последната секунда, а потоа загуби во неизвесен дуел со Чешка минимално. Ние на двата натпревара до победата стигнуваме во последните минути. Според мене Македонија и натаму е најголем фаворит во оваа група, пред се дека го имаат Лазаров кој и тука игра одлично. Ќе биде тежок натпревар. Нас голема помош на претходните натпревари ни беше публиката се надевам дека така ќе биде и со Македонија, истакна Пајович.
 
Од Виена 
Марјан Ников