Ракомет
12. January 2020 - 8:51

ЕП ракомет 2020: На денешен ден (12.јануари) Македонија има 6 победи и 2 пораза

Македонската ракометна репрезентација досега на денешен ден има одиграно вкупно осум натпревари, а денешниот ќе биде вкупно деветти. На шест од нив имаме постигнато победи, а на два забележано порази (Данска и Грција).
На почетокот тоа вобичаено беа натпревари од квалификациите, а последните три се Светски или Европски првенства.
 
Сите натпревари на Македонија на 12.јануари:
1 ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА       19:21 Атина
2 ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА       25:24 Кукуш
3 МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА  41:30 Прилеп
4 ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА     33:36 Анкара
5 МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА    41:24 Скопје
6 МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ            30:28 Севиља 
7 ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА       29:21 Хернинг
8 МАКЕДОНИЈА – ТУНИС         34:30 Мец
 
Од Виена 
Марјан Ников