Ракомет
9. January 2020 - 17:28

ЕП ракомет 2020: Серафимов и Крстевски „не влегоа“ во 16-те за дуелот со Украина

Македонската ракометна репрезентација од денеска е во Виена каде ќе ги игра натпреварите од ЕП 2020 што се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска. Во пресрет на утрениот дуел со Украина селекторот Данило Брестовац го „скрати“ списокот од 18 играчи што беше и очекувано, а последниот филтер не го минаа Мартин Серафимов и Горан Крстевски.

Двајцата играчи ќе бидат заедно со репрезентацијата и веќе од следниот дуел можат да влезат во ростерот особено што во секоја фаза селекторите имаат право на две замени.
Македонија попладнево ќе тренира во една од салите на Виенер Стадхале. Утре нашата репрезентација на отворањето на овој шампионат од 20:30 часот ќе игра против Украина.
 
Од Виена
Марјан Ников