Свет
5. April 2017 - 15:19

ЕП усвои резолуција за преговориte во фази од процесот на Брегзит

Европскиот Парламент денеска усвои резолуција во која се повикува на преговори во фази во процесот на „развод“ од Велика Британија, што е во спротивност so желбите на Лондон.

Велика Британија побара преговорите за нејзиното излегување од Унијата и разговорите за идната трговска спогодба да се изведуваат истовремено.

Пратениците во Европскиот Парламент со големо мнозинство гласови ја усвоија резолуцијата - за неа гласаа 516, 13 беа против, додека 50 беа воздржани.