Бизнис
17. May 2020 - 16:32

Епидемијата од Ковид-19 ја зголеми цената на белиот ориз за 20% - проблем е недостатокот на вода за посевите

Корона кризата ја зголеми цената на белиот ориз на светскиот пазар. Тоа е добра вест и за производителите зашто оризот се откупува за 60 денари по килограм или за околу 1000 евра по тон, што е зголемување за 20 %.

Секако дека со ваква цена ќе има поголем интерес од страна на оризопроизводителите да го зголемат и своето производство, но сепак тоа е поврзано со потенцијалот на вода кој што го има АД Водостопанство, односно, системите за наводнување.-изјави Трајан Димковски, министер за земјоделие.

Цената расте, но површините се намалуваат. Сеидбата на оризот започна со задоцнување. Поради неповолната хидролошка состојба и со само 64 милиони кубни метри вода или половина од капацитетот на брана „Калиманци“, вода за наводнување ќе има само за 2/3 од површините кои беа засеани лани. Тоа значи дека годинава ХС „Брегалница“ ќе може да обезбеди наводнување за 3000 ха под ориз. За да се зачува акумулираното во браната, на почетокот нивите се полнеа со проточните води од реките, кои за среќа во тој период имаа висок водостој. Од почетокот на месец мај вода се пушти и во десниот магистрален канал. Наводнувањето се врши по изменет план, за што земјоделците се информирани преку писмени известувања во сите населени места.......