Епл е против барањето на ЕУ за универзален полнач за смартфони
Американскиот гигант Епл не сака да се воведе еден единствен полнач за смартфони како што бара Европскиот Парламент.
Европските пратеници сметаат дека треба ЕУ да воведе единствен модел за полначи со цел да ги заштити потрошувачите.
– Преголемата понуда на полначи предизвикува огромни цени за потрошувачите и генерира непотребни еколошки последици, сметаат европратеници и повикуваат итно да се усвои универзална норма на полначи.
Американскиот гигант смета дека универзалниот модел ќе има „негативни последици“ бидејќи ќе предизвика проблеми за неговите апарати и корисници и дека непотребно ќе се генерира електронски отпад.
Сепак и покрај интензивното лобирање на Епл, европратениците ја усвоија резолуцијата со 582 гласа „за“, 40 против и 37 воздржани.
Европската Комисија треба во наредните денови да објави студија на оваа тема.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење