Loading Video...
Свет
6. March 2019 - 17:47

ЕПП – Орбан да се извини на челниците на ЕУ или Фидес ќе биде исклучена од ЕПП

Европската народна партија му постави услов на унгарскиот премиер  во рок од  две недели да им се изивни на лидерите на ЕУ за навредите  ако не сака да биде исклучена неговата партија Фидес од ЕПП. Од Орбан  е побарано и да прекине со кампањата против вредностите на ЕУ. Вчера 12 партии членки на ЕПП официјално побараа исклучување на Фидес.Најголемото политичко семејство во Европскиот парламент  одлука ќе донесе на 20 март. Неодамна, унгарскиот премиер ги нарече челниците на ЕУ идиоти кои промовираат масовна миграција.