Ера Коџа од Дебар се закити со златен медал на Балканското карате првенство во Риека
Шеснаесетгодишната Ера Коџа, од карате клубот „Уранику“ од Дебар, се закити со златен медал во категоријата до 59 килограми за јуниори, на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Река, Хрватска.
-Пресреќна сум. На мојата радост и нема крај. Ете златото блесна на моите гради, кусо ни рече во телефонскиот разговор Ера.
На нејзиниот голем успех горд е и тренерот Дурим Пачуку, кој на ова првенство во склоп на македонската карате репрезентација е со уште тројца каратисти од Дебар.
-Ера во финалната борба славеше против српската каратистка Александра Милутиновќ 4-4, со прв освоен бод. Претходно ги совлада Дора Зугчин од Хрватска, со 3-1, Касиани Фримаки, Грција со 6-2, Кристина Ѓорѓевиќ, Србија, со 6-0 и Зоја Авзнер, Словенија со 2-3. Чувството на гордост не можам да го искажам, ни рече Пачуку.
Тој искажува голема благодарност за поддршката на локалната власт, посебно градоначланикот Хекуран Дука и компанијата „Слајас“ за поддршката за нивното учество на ова првенство, кое почна на 26 а завршува денеска.
Пачуку исто така информраше дека македонските каратисти вчера освиле уште еден сребрен медал, Стефан Стојановиќ (+84лг, У-21) и четири бронзени медали.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари