Балкан
19. January 2017 - 17:22

Ердоган: По обидот за пуч во Турција уапсени се 43.000 луѓе

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во рамки на истрагата за неуспешниот обид за пуч на 15 јули минатата година досега се уапсени 43.000 луѓе.

- По обидот за преврат во рамки на операциите против Фетулахистичката терористичка организација, која е поврзана со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, уапсени се 43.000 лица, а 95.000 се отстранети од државна служба, истакна Ердоган.

Тој нагласи дека чистката се уште не е завршена и ќе продолжи.

Турските власти го обвинуваат исламскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД, дека е одговорен за обидот за пуч во Турција.