Ердоган во телефонски разговор го повика Путин да прогласи прекин на огнот и отвори хуманитарни коридори
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да прогласи прекин на огнот во Украина, да отвори хуманитарни коридори и да потпише мировен договор, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.
Во соопштението лиферувано по едночасовниот телефонски разговор, турското претседателство соопшти дека Ердоган му кажал на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на конфликтот, додавајќи дека прекинот на огнот ќе ја ублажи загриженоста за хуманитарната ситуација, пренесуваат британските медиуми.
Претседателот Ердоган го повтори својот повик заедно да го отворат патот за мир, соопшти неговиот кабинет.
Путин од своја страна кажал дека операцијата се одвива според планот и распоредот и изрази надеж дека украинските преговарачи ќе имаат конструктивен пристап во разговорите и ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот, соопшти Кремљ.
Ново на Сител
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
