Балкан
2. March 2017 - 13:57

Ердоган: Вонредната ситуација продолжува

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека вонредната ситуација, владините декрети и отпуштањето на персоналот, што се поврзани со осуетениот државен удар во јуни минатата година, ќе продолжат се додека „ситуацијата не се смири“, јави телевизијата „НТВ“. 

Вонредната ситуација е воведен по неуспешниот пуч на 15 јули минатата година, а поради тоа турската Влада има право да го заобиколи Парламентот во донесувањето на нови закони и да ги укине правата и слободите кога ќе процени дека тоа е неопходно. 

Турција го очекува и референдумот на 16 април, каде ќе се гласа за значително зголемување на претседателските овластувања.