Loading Video...
Балкан
29. September 2021 - 19:53

Ескобар: Намалувањето на тензиите на северот на Косово е приоритет

Тензиите на северот на Косово во моментов се многу високи. Главен приоритет на САД и ЕУ е итно намалување на тензиите, порача во Брисел американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. 

Ескобар се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и имаше одделни средби со главните преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петро Петковиќ.  

Американскиот претставник за Западен Балкан истакна дека мора да се најде решение за регистарските таблички што беа повод за најновата криза и потенцира дека е важно Белград и Приштина да се вратат на дијалогот, преку кој ќе се решат сите отворени прашања.