Балкан
7. July 2017 - 21:04

ЕСМ одобри испраќање на третата транша финансиска помош за Грција

Европскиот механизам за стабилност одобри испраќање на третата транша финансиска помош за Грција вредна 8,5 милијарди евра, напиша ЕСМ на својот налог на Твитер.

Првата исплата ќе биде од 7,7 милијарди евра и се очекува да се реализира в понеделник. Од тие средства, 6,9 милијарди евра се за сервисирање на долгот, а 0,8 милијарди евра за доспеани финансиски обврски, соопшти ЕСМ.

Се очекува одобрување за помошта да даде и Меѓународниот монетарен фонд.