ЕУ испраќа уште заштитни маски во Македонија
Нови залихи на ФФП2 маски ЕУ испраќа денеска во Македонија и Црна Гора од резервата на ЕУ на медицинска заштитна опрема.
-Горд сум што се мобилизира дополнителна заштитна опрема во Македонија и Црна Гора од резервата РескЕУ на ЕУ. Со овие нови залихи на заштитни маски им пружаме заштита на медицинските работници и другите есенцијални работници, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.
Минатата недела двете земји добија помош од Австрија во облик на дезинфекциски гел, пешкири, ракавици и постелнина и се доставени преку ЕУ механизмот за цивилна заштита.
Резервата, како што објаснуваат од Европската Комисија, се наоѓа во Романија и Германија, и овие две земји се одговорни за доставување на опремата. Европската Комисија пак финансира сто отсто од набавката на ракавици и друга опрема, соопштија од таму. ЕК подготвува дополнителна помош во наредните недели.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители