ЕУ ја повика Русија да ги ослободи сите политички затвореници
Европската унија ја повика Русија да ги ослободи сите политички затвореници по смртта на опозиционерот Алексеј Навални, јави ДПА.
Во заедничката писмена изјава објавена по денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Унијата нагласи дека смртта на Навални „е уште еден шокантен знак за забрзаната и системска репресија во Русија“. Во соопштението се бара ослободување на политичките затвореници.
Европската унија го повторува својот повик до Русија веднаш и безусловно да ги ослободи сите други политички затвореници, вклучувајќи ги Јуриј Дмитриев, Владимир Кара-Мурза, Илја Јашин, Алексеј Горинов, Лилија Чанишева, Ксенија Фадеева, Александра Скочиленко и Иван Сафронов.
Во соопштението се вели дека „Европската унија е огорчена од смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални“ и се додава дека „Русија мора да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата ненадејна смрт“.
Ново на Сител
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар
-
Утре во Грција 345 протести на 243 различни локации
-
Приведен поранешниот директор на затворот во Шутка